Од Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека на 29- ти септември, сабота, се организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.) во населбата „Гоце Делчев“.Граѓаните кои живеат во овој дел од градот доколку имаат ваков отпад да го извадат најдоцна до 10 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.












