Од Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека на 29- ти септември, сабота, се организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.)  во населбата „Гоце Делчев“.
 
Граѓаните кои живеат во овој дел од градот доколку имаат ваков отпад да го извадат најдоцна до 10 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигне.

OhridNews