Од Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека на ден 01.06.2013 год.(сабота) ќе се реализира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во населбите „Христо Узунов„ , „Карабегомала„ и „Горна Влашка Маала„ .
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.











