Ј.П. „ Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 25- ти октомври, сабота, организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  во урбана заедница 3 „ Кошишта“ и урбана заедница 4 „ Воска“ (заедно со комплексот згради и куќи во населба „ Даљан“) .

Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад, уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот  и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“  благовремено да го подигнат.

OhridNews