Од Ј.П. „Охридски Комуналец” информираат дека утре, 27- ми септември се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во урбана заедница 12 „Гоце Делчев“, населба „ Бараки“.
Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад, уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „ Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
OhridNews