Ј.П.”Охридски Комуналец” ги известува граѓаните дека на ден 19- ти мај (сабота) организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.) во населба “Билјанини Извори”.Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад, да го извадат најдоцна до 10 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.











