Од Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека на 22- ри септември, сабота, ќе се врши подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.)  во населбата „Билјанини Извори“.

Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков вид отпад да го изнесат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел. 046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигне.

OhridNews