ЈП “Охридски Комуналец” информира дека на 24- ти септември, сабота, се организира акција за подигање кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.) и зелен отпад во населбата “Христо Узунов”.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го извадат најдоцна  до 10 часот на места кои се лесно пристапни за возилата на јавното претприајтие или до контејнерите, со претходно пријавување на локацијата на дежурниот телефон 046/265-353, за да можат екипите благовремено да го подигнат отпадот.

Ohridnews