Од Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека утре, 8- ми ноември, (сабота) се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во урбана заедница 14 „ Радојца Новичиќ“.
Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Со оваа акција завршува циклусот на годинешните акции за подигање на кабаст отпад на територијата на општина Охрид. Од јавното претпријатие информираат дека согласно испланираниот календар за 2014 год. останува да се реализираат уште четири акции за подигање на зелен отпад на 15.11.2014 год (населбите Христо Узунов, Горна Влашка мала), 29.11.2014 год. (нас.Воска и нас.Даљан), 06.12.2014 год. (нас.Видобишта) и 13.12.2014 год. (нас.Радојца Новичиќ).
OhridNews