
Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад да го извадат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.
Од јавното претпријатие известуваат дека ова е последната акција за подигнување кабаст отпад од есенскиот циклус, а од месец ноември започнуваат планираните акции за подигнување зелен отпад.












