Од ЈП”Охридски Комуналец” информираат дека на 30- ти јуни, сабота, се организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.) во населба “Црногорци”.
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го извадат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.
Од јавното претпријатие информираат дека оваа акција е последна пред екот на туристичката сезона , а наредната акција е планирана на 01.09.2012 год. во стариот дел од градот.











