Од јавното претпријатие „Охридски комуналец“ информираат дека утре, 28- ми јуни, ќе се реализира последната акција за подигање кабаст отпад во пролетниот циклус и дека есенскиот ќе започне во првата работна сабота во месец септември.
Утре, кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) ќе се подига во урбаната заедница 13 „Железничка“, урбана заедница 14 „Радојца Новичиќ“ и урбана заедница 15 „ 15-ти Корпус“(населба „Црногорци“).
Се молат граѓаните кои живеат во овие делови од градот, доколку имаат ваков отпад, уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
OhridNews