Од Ј.П. „ Охридски Комуналец” информираат дека утре, 13- ти септември, се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“ , „Партизанска“ , „Димитар Влахов“ , „Кеј Македонија“   и нас. „Охридати“.

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

OhridNews