Ј.П.”Охридски Комуналец“ информира дека на ден 15.09.2012 год.(сабота) организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.)  во реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“ , „Партизанска“ , „Димитар Влахов“ , „Кеј Маршал Тито“ и населба „Охридати“.

Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад да го извадат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат вработените од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

OhridNews