Од  ЈП „ Охридски комуналец“ информираат дека од оваа сабота започнува есенскиот циклус на акции за подигнување кабаст и зелен отпад.

На ден 6- ти септември, сабота, се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  од урбана заедница 1 „ Стар Град“ .  Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Од јавното претпријатие објаснуваат дека секоја сабота од месеците септември, октомври и првата половина од месец ноември ќе се врши подигнување на кабаст отпад, а втората половина од  месец ноември и деекември ќе се подигнува зелен отпад. Со акциите етапно ќе бидат опфатени сите реони и населби од градот, за што граѓаните ќе бидат благовремено информирани.

OhridNews