Викендов ЈП „Охридски комуналец“ започнува со реализирање на првата од вкупно предвидените осум акции за подигнување на кабаст отпад, кои согласно годишниот календар е предвидено да се спроведат во пролетниот циклус во месеците мај  и јуни.

Се информираат граѓаните дека на 3- ти мај, сабота, се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  во У.З.1 „Стар Град“ .

Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад, уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

OhridNews