Од Ј.П. „Охридски Комуналец” ги информираат граѓаните дека во сабота на 30- ти мај 2015 година, се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.6 „Даме Груев“ и У.З.10 „Горна Влашка Мала“ (комплекс згради „Христо Узунов“ , „Карабегобамала“ и „Горна Влашка Мала“).

Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.„Механизација” на тел. 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

OhridNews