Од Ј.П. „ Охридски Комуналец” информираат дека утре, 20- ти септември, се  организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во урбана заедница 8 „Билјанини Извори“.

Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот  и претходно да го пријават во Р.Е. „ Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „ Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

OhridNews