Од Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека денес, 17- ти мај, сабота, се организира акција за подигнување кабаст отпад (душеци,  стар мебел,   телевизори, шпорети, теписони и др.) во Урбаната заедница „Билјанини Извори“.

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

OhridNews