Ј.П.”Охридски Комуналец” ги известува граѓаните дека утре, 1- ви ноември (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) од урбана заедница 11 „ Видобишта“.
Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад, уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
OhridNews