Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 25.12.2010 год.(сабота) ќе организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.) во населбите “Горна Влашка Мала” и “Христо Узунов” (улиците:”Питу Гули”,”Марко Нестороски”, “Васил Главинов”, “Кузман Шапкарев”, “Ѓорче Петров”)

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го извадат најдоцна  до 10 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.

OhridNews