Од Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека на 13- ти октомври, сабота, организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.) во населбите „Воска„ и „Даљан„ .Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад да го извадат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.












