Ј.П.”Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 29- ти ноември, сабота, ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  во урбана заедница 3 „Кошишта“ и урбана заедница 4 „ Воска“ (заедно со комплексот згради и куќи во населба „  Даљан“) .

Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

OhridNews