Од Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека во сабота се организира акција за подигање на отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.)  од  реонот опфатен со улиците: “Македонски Просветители”, “Партизанска”, “Димитар Влахов”, “Кеј Маршал Тито” и “Охридати”.

Се молат граѓаните ваквиот отпад уредно да го остават до контејнерите или на местата предвидени за подигање отпад кои се лесно пристапни. За дополнителни информации можат да се информираат во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 .
Со оваа акција е предвидено подигнување само на зелен отпад, а акции за кабаст отпад ќе бидат организирани во наредниот период, потенцираат од јавното претпријатие.