Од Ј.П.”Охридски Комуналец” ги информираат граѓаните дека на ден 13- ти декември, сабота, ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од урбана заедница „ Радојца Новичиќ“ .
Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
Оваа акција е последна акција согласно годишниот календар за 2014 год.
OhridNews