– Хигиената е најголема забелешка на странските туроператори и гостите. Тука треба да се преземат чекори за да се поправи состојбата, изјави по средбата директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Јордан Трајков.
На средбата била потенцирана и потребата за изградба на патниот правец Охрид- Свети Наум, проект од особено значење за развој на туризмот во охридскиот регион.
Премиерот Груевски и туристичките работници разговарале и околу поставувањето на прифатни центри на границите каде би имало и туристичко- информативни центри наменети за туристите кои влегуваат во Македонија.
Како што нагласи Трајков, Владата е секогаш подготвена да ги сослуша, но и да ги реши проблемите од областа на туризмот.
– Веќе е направена стратегија од страна на странски консултанти кои минатиот период престојуваа во Македонија. Сега таа стратегијата ја разгледува Комитетот за туризам во кој членуваат луѓе од различни делови на администрацијата, а кои имаат допирни точки со туризмот. Кон проблемите се приоѓа на сеопфатен начин, рече Трајков.
На состанокот била истакната и потребата од поттикнување на меѓусебната соработка помеѓу хотелиерите и туристичките агенции и нивниот заеднички настап во странски држави со цел привлекување на што поголем број странски туристи.
На состанокот Покрај премиерот Груевски, присуствуваа и министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми, министерот за економија Ваљон Сарачини и заменик министерот за економија Катерина Костеска.