Во рамки на претстојната акција за засадување „ Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, што ќе се спроведе на 31 март, на територијата на општина Охрид ќе се пошумува во месноста Мауцкер. Дел од учениците од основните и средните општински училишта садниците ќе ги засадат во школските дворови.


Во акцијата за пошумување на месноста Мауцкер учество ќе земат трите средни општински училишта ОСУ „Св. Климент Охридски„ ОУТУ „Ванчо Питошески“ и ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и три основни училишта ОУ „Григор Прличев“ ОУ „Христо Узунов“ и ОУ „Братство Единство“.

Основните училишта „Св. Наум Охридски„ од Пештани, „Живко Чинго„ од Велгошти и „Ванчо Николески“ од Лескоец  и ОУ „Св. Климент Охридски“ и ОУ„Кочо Рацин“ акцијата ќе ја одбележат со засадување дрвца во училишните дворови.

За сите што сакаат да земат учество во акцијата обезбеден е превоз со автобуси на „Галеб“ и точно утврдени термини на поаѓање. Акцијата започнува во 8 часот, а предвидено е да трае до 14 часот.

OhridNews