
Меѓу најтешко погодените подрачја од пожари беше и планината Галичица, каде изгореа 4000 хектари голини, нискостеблеста и висока шума.
Според експертите од Националниот парк „Галичица“, ќе бидат потребни 30 до 40 години за да се обнови вегетацијата која изгоре во пожарот. Овој Национален парк е познат по многу ендемични видови флора и фауна кои не беа поштедени од огнот. Уништувањето на шумите, кои настрадаа во досега незапамтената огнена стихија во земјава, ќе влијае и на климата, а опасност им се заканува и на изворските води кои поради соголувањето на планините сега повеќе ќе понираат.
Македонски шуми упатија апел до сите граѓани на Македонија за засадување на дрвца во својата средина, за да се ублажат последиците од големите пожари што минатата година ја зафатија Македонија.
Г.М.











