Со ДНК анализа ќе се утврдува идентитетот на двете жртви во пожарот што рано утрово се случи во имперовизирано живеалиште во месноста Чекоштина на влезот од Охрид. Врз јагленисаните тела на жртвите од пожарот попладнево беше извршена обдукција, но заради прецизна потврда на наодите и утврдување на точниот идентитет, ќе биде извршена ДНК анализа, информираа од СВР Охрид.


Истрагата има сознанија за идентитет на жртвите, но поради чувствителноста на случајот, ќе се сочекаат резултатите од ДНК анализата.


Како што веќе информиравме, во пожарот што до темел изгоре импровизирано живеалиште во Чекоштина настрадаа мајка и неколку месечно бебе.


Според првичните информации од истрагата пожарот најверојатно избувнал од ќумбе кое било користено за затоплување.


Местото на трагедијата денеска го посети градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, кој изрази жалење за изгубените човечки животи.

OhridNews
фото:Емилио