Во идниот период, локалното Здружение за заштита помош и водомување животни „Анималиа“ најавува спроведување активности за проценка на популацијата на кучиња на територијата на општина Охрид.

Анималиа работи активностите да се спроведат и на ниво на град Охрид, при што ќе се пребројуваат и оние кученца кои имаат сопственик, бидејќи токму неодговорните сопственици се најголемата причина за зголемување на бројката на бездомни животни.“ – информираат од „Анималиа“.

Во мај оваа година, Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе вакви активности на територија на град Скопје, согласно упатството на WSPA (World society for the protection of animals) и со поддршка на Британското Кралско здружение за заштита на животните од суровост (RSPCA).

Методологијата е една од најрепрезентативните и е прифатена како соодветна од поголем број на земји во Европа и во Светот.

По принципот на истата методологија, се извршени проценки во Белград, Приштина, Тирана, Сараево, Подгорица, Коломбо и Каиро.

OhridNews