Натпреварот од холандскиот куп, помеѓу Ајакс и АЗ Алкмар, која неколку дена беше топ тема во медиумите, повторно ќе биде одигран на 19. јануари. Холандската федерација, одлуката ја образложи, со тоа дека нема логика мечот да продолжи од 36-та минута, бидејќи во тој случај АЗ Алкмар ќе мора да продолжи со десет играчи. Во моментот кога беше прекинат натпреварот голманот на АЗ Алкмар Естебан Алварадо доби црвен картон, кој дополнително, федерацијата го поништи.

Ајакс како домаќин за работи парична казна од 10.000 евра, и условно со играње на еден натпревар пред празни трибини, доколку сличен инцидент се случи во следните две години. Клубот од Амстердам ригорозно го казни навивачот кој влета на теренот и го нападна голманот Алварадо, тој во следните 30 години нема да може да влезе на стадионот на Ајакс.

Модриќ најплатен “петел“

Тотенхем, третопласираната екипа во англиската Премиер лига, по секоја цена сака да го задржи хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ.  Според последните информации, Тотенхем е подготвен да го направи Модриќ најплатениот играч во историјата на клубот, со неделна плата плус бонуси од 120.000 фунти. Доколку тоа се случи, Модриќ ќе добие двојно поголема плата од онаа која што ја прима во моментов.

Во клубот се надеваат дека Модриќ ќе ги прифати овие услови, а како добра знак дека тој сака да остане, го протолкуваа и тоа што фудбалерот неодамна купи куќа во Лондон. Најплатени фудбалери во овој момент во Тотенхем се Рафаел ван дер Варт и Вилијам Галас, кои заработуваат 85.000 фунти неделно.

Одличните игри на Модриќ и Тотенхем, повторно ги раздвижија шпекулациите дека хрватскиот репрезентативец ќе си замине од „Вајт Харт Лејн“, наводно во јануарскиот преоден рок Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го донесе во своите редови за сума од 30 милиони фунти

“Макфакс“
Ohridnews