Младински Совет Охрид и Младинскиот Парламент, започнаа со активности од програмата за превенција од насилство во адолесцентните врски. Во рамки на програмата ќе бидат  организирани едукативни трибини, тркалезни маси и дебати за млади, претежно средношколци и студенти, а ќе бидат одржани и семинари и промотивни настани.

-Програмата ја започнавме во рамки на последниот од шеснаесетте меѓународни дена за активизам против насилството, со дистрибуција на едукативно промотивни материјали во градот.  Со ова МСО и МПО симболично се приклучуваат кон меѓународната кампања потенцирајќи  дека треба да се работи преку целата година, а не само да се организираат настани на одредени датуми, кога сите прават по нешто за да ја покажат својата посветеност на проблемите, велат од Младинскиот Совет Охрид.

Од таму нагласуваат дека со почетокот на активностите од програмата, оваа младинска организација се вклучува во одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права.

Инаку за потребите на програмата МСО подготви едукативен прирачник за млади ,,ЗА НАСИЛСТВО НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ”, а испечати и ,,комплет писма” за насилство во врска, кои ќе се делат на настаните кои ќе се реализираат во склоп на оваа програма.

OhridNews