Локалната агенција за развој од Струга денеска во Охрид ќе го презентира Извештајот од истражувањето „Каква е мојата општина“.

Ова истражување имаше за цел да ги согледа практиките кои ги применуваат локалните самоуправи на Охрид и Струга за да ја информираат јавноста и да ја доближат својата работа до граѓаните, како и нивото на свесност на граѓаните за траспарентноста и отчетноста на општините.

Истражувањето „Каква е мојата општина“ е спроведено во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“, на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, „Охрид институтот за економски стратегии и меѓународни односи“ и Македонскиот институт за медиуми, а е финансиран од Европската Унија.

OhridNews