
Освен животот и делото на чудоворецот, дел од научните работници големо внимание му посветуваат и на карактеристиките и потеклото на иконостасите и фреските посветени на Св. Наум, кои се наоѓаат низ Македонските православни цркви и манастири. Неретки се и научните трудови кои го обработуваат духовниот живот на Св. Наум, претставен во Житијата .
Покрај Симозиумот, за годишнината од упокојувањето на Св. Наум, МПЦ ќе изготви и посебна програма за достојно чествување на охридскиот чудотворец. Исто така “1100 години од смртта на Св. Наум Охридски Чудотворец” е централен јубилеј и во Програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности во 2010 година, чии што покровител е Собранието на Република Македонија. За таа цел пратениците именуваа Одбор, кој ќе биде задолжен, да ја организира прославата на овој значаен јубилеј на државно ниво.











