Министерството за внатрешни работи, денес, ќе изврши презентација на новите полициски возила “шкода јети“, која ќе се изврши во кругот на Министерството.

Новите 150 „Шкоди“, ќе ги заменат старите „крајслери“ кои важат за возила со голема потрошувачка и скапо одржување. Ресорното министерство одвои 3,15 милиони евра за набавката на возилата од „Порше Македонија“, во чија цена е вклучена и додатната техничка опрема, од ротациони светла, држачи за радио станици, па се до полициските ознаки.

OhridNews