Утре со почеток во 10 часот, во малата сала на општина Охрид ќе се одржи презентација на поволните кредитни линии на „Македонската банка за поддршка на развојот“, како и можностите за кредитирање, осигурување и факторинг.
Воедно, ќе се презентира и начинот како да се намали ризикот од ненаплата преку употреба на осигурување на побарувањата. Детално ќе бидат објаснети: Кредитната линија за поддршка на мали и средни компании, каде што е зголемен максималниот рок на отплата од нула на 11 години; Кредитната линија која е со 3% фиксна годишна камата и е наменета за примарни земјоделски производители, преработувачи и извозници на земјоделски производи и Факторингот, особено од аспект на неговата употреба како инструмент за задоволување на краткорочните ликвидносни потреби на компаниите.
Освен тоа, презентирани ќе бидат и „Можностите за финансирање на инструментите на Фондот за иновации и технолошки развој“.
Сите заинтересирани кои сакаат да присуствуваат на оваа презентација треба да се пријават во Секторот за Туризам и локален економски равој при општина Охрид на телефон 046/230-175.
OhridNews