Денес ќе биде промовирана публикацијата Новинарски прирачник, подготвена од страна на Здружението на новинари на Македонија и Цивил Медиа, организациска единица на Цивил – Центарот за слобода.

Целта на Прирачникот е да ги потсетува новинарите, уредниците и сите вработени во сферата на медиумите на основните професионални правила, на улогата и вредностите на професијата – етичките принципи, интегритетот на новинарот, кодексот на новинарите и на практиките на добро однесување.

Во подготовката на Новинарскиот прирачник учествуваа и новинарски асоцијации и медиумски куќи од Норвешка, Германија и Велика Британија.

OhridNews