По повод завршувањето на „ГИС проектот за управување со градежното земјиште со цел привлекување на странски  инвестиции”, утре во Струга ќе се одржи промоција на Софтверската апликација за инвестициските потенцијали на Југозападниот плански регионот.

Проектот е одобрен од страна на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, а се реализира со средства од Буџетот Република Македонија. Истиот е дел од годишната листа на регионални проекти на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

OhridNews