На расправата , што ќе се одржи во големата општинска сала покрај членовите на Советот на општина Охрид и стручните служби на Локалната самоуправа, поканети се и претставници на месните заедници и невладини организации од Охрид.
Инаку граѓаните на Охрид до денес можеа да даваат забелешки и дополнувања на Фискалната стратегија и развојните програми на Охридската локална самоуправа за 2012 година. Ова го овозможи Јавниот увид на Одлуката за утврдување на стратегијата и програмите за наредната година, што ги усвои Советот на општина Охрид. Со оваа одлука се определуваат приоритетите, но се остава простор и за нови предлози кои ќе ги дадат граѓаните.