“Кампинг туризам” е насловот на новиот проект кој Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ќе го спроведува заедно со Националните туристички агенции и организации од Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора.
-Целта на проектот во кој директно ќе бидат вклучени сопствениците и менаџерите на камповите од овие земји е подигнување на стандардите во камповите според Европските нормативи, поставување на европската мапа за категоризирани кампови и промоција на Европскиот пазар преку заедничко учество на Меѓународни Саеми за кампинг туризам.-велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија
Од таму објаснуваат дека активностите кои треба да следуваат во проектот, биле дефинирани на првиот регионален состанок кој се одржал во Колашин, Црна Гора.
-Во рамки на проектот во јули, во Македонија ќе допатуваат двајца експерти од Европската асоцијација на кампери кои лично ќе ги посетат камповите и непосредно ќе се запознаат со состојбата, а воедно ќе им предложат мерки како да ги достигнат европските услови за кампирање.-информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Проектот ќе се реализира во времески рок од една година и е подржан од Германската Техничка соработка – ГТЗ.
Блесна градскиот плоштад со најубавиот украс на градот – Божиќната пештера, симбол на Витлеемската пештера во која се роди Исус Христос Охрид е во завршни подготовки за свечениот дочек на Христовот...
На 24122025 во 03:00 часот на улица „Сирма Војвода“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 20-годишно лице од Охрид Тој, откако ги забележал полициските службеници, фрлил пакување со ...
Во новогодишен амбиент, во дружење, игра и забава, најмладите членови на Црвен крст Охрид, децата кои ја посетуваат едукативната програма за подготовка на деца за во училиште „Полетарче“, во присус...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.