Експерти од Машинскиот факултет во Скопје продолжуваат со вештачење на делови од бродот „Илинден“ со цел да се утврдат причините за несреќата што се случи на 5-ти септември во која животот го загубија петнаесет бугарски туристи.
Македонските експерти се во постојана комуникација со стручните лица од Словенија и Хрватска кои деновиве треба да допатуваат во Охрид. Во нивно присуство ќе се изврши реконструкција на несреќата при што бродот „Илинден“ ќе биде оптоварен со тежина еднаква на моментот на потонувањето.
Во меѓувреме бранителот на капетанот на бродот „Илинден“ по втор пат до Апелација ја обжали одлуката на Кривичниот совет при Основниот суд во Охрид кој неодамна го продолжи притворот на Сотир Филески за уште триесет дена.
Од одлуката на Апелациониот суд ќе зависи и одлуката на истражниот судија за евентуално ослободување на Филески од притвор.
Со положување на свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во училишниот двор на ООУ „Григор Прличев“ продолжуваат чествувањата за ликот и делото на Прличев во рамки на манифестацијата „Прличев...
На денешен ден во 1893 година во Охрид умрел Григор Прличев, еден од темелните македонски писатели од 19 век Љубовта кон книгата Прличев ја добил од неговиот дедо кој му го купил првиот грчки буква...
Променливо облачно, наутро со појава на магла по одделни котлини Во текот на денот ќе преовладува облачно време со повремени локални врнежи од дожд, поинтензивни во западните делови (над 15 l/m2) Н...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.