– – Ние како Агенција за Млади и Спорт имаме едно правило кое што вели дека се што сме започнале мора да завршиме, досега за овој обејкт бев запознаен преку разно разни судски одлуки и решенија, барање за легализација, барање за одобрение за градба, цртежи слики , меѓутоа бев и редовно информиран од страна на пратникот Николовски за сите случувања но и за важноста на овој објект за велгоштани. АМС во изминатата година преку буџетот на Влада на РМ изгради фудбалски терени, спортски сали чиј број наближуваа накај 45 , како и 145 сали од Министерството за образование што се градат на територијата на Македонија, Сите овие подтаоци доволно говорат дека и во услови на европска и светска криза, вложувањата во спортската инфрастаструктура не застануваат. Знаеме дека секој денар вложен во спортот е заштеда од седум денари во фондот за здравство на Македонија – вели Лазе Поповски, Директор на АМС.
– 20 – те милиони денари, ќе бидат инвестирани во рок од 3 до 6 месеци, а распишана е јавната набавка за избор на изведувач. Старатот на градежните работи се очекува на почетокот на септември. – Очекуваме тоа да биде биде сериозна компанија, која ќе се однесува сериозно за време на градежните работи и работата ќе ја заврши квалитетно и во дадениот рок. Оваа сала ќе постане спортски храм да биде отворена за граѓаните и со домаќинско и одговорно работење ќе им служи на граѓаните многу долги години- рече Попоски
Пратеникот Шокароски изрази задоволство што се започнува една нова и убава работа,
-Кончено после сите натегања, околу нерешени имотно правни проблеми, разно разни правни лавиринти со локалната самоуправа можеме да констатираме дека сите административни работи завршуваат и започнуваме со оперативниот дел, односно реконструкција на спортската сала. Тендерските формалности се при крај и на почетокот на наредниот месец, очекуваме да биде избран изведувачот на салата и во почетокот на септември да започнат градежните работи. За шест месеци велгоштани ќе имаат една прекрасна спортска сала, која како и секаде и овде ќе го продолжи развојот на спортски дух и вредностите кои оваа Влада се обидува да ги промовира – истакна Шокароски.
Александар Николовски, пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, потенцираше дека реконструкцијата на спортската сала е ветување дадено во изборите во 2006 година, кое успеаа да го реализираат.
– Ова е навистина убав ден, ова е еден од проектите кој што ми лежеше во Охрид, долги седум години, реконструкцијата на овој објект го ветивме уште во кампањата во 2006 година, и ова е доказ дека некогаш доцниме со реализацијата но ние ги исполнуваме нашите ветувања. Овој пат проблемот беше поврзан со институциите кои не се поврзани со Владата или со Собранието, туку со институции со кој се водеше долг судски процес. Во моментите кога се градела оваа спортска сала , не се винимавало и наместо на државно се направила на приватно земјиште, судскиот процес заврши и државата ја исплати оштетата. Потоа имавме “пинг-понг“ блокади од страна на Градоначалникот и Општина Охрид од само за нив познати причини, прво не можевме да добиеме, дозвола за легализација, а потоа и дозвола за градба, некако успеаме да ја добиеме таа дозволоа и конечно да објавиме дека ја започнуваме реконструкцијата – рече Николоски кој се заблагодари на Владата и на Директорот на АМС за неговиот ангажман.
М.П.