Жителите на селото Сливово во иднина ќе добијат реконструирана водоводна мрежа. За таа цел надлежните служби во општина Дебарца деновиве објави Јавен оглас за изработка на техничка документација, основен и инфраструктурен проект за реконструкција на оваа водоводна мрежа.
Според огласот кој е објавен преку Електронскиот систем за јавни набавки, изработката на документација ќе чини околу 5.000 евра или точно 300.000 денари.
Согласно процедурите, откако ќе биде изработена техничката документација ќе се објави Јавен повик преку кој ќе се побара изведувач на оваа инфраструктурна активност.
Крајниот рок за доставување на понудите за изработка на техничка документација е понеделник 22-ри декември 2014 година.
OhridNews