Здравствениот дом во Охрид, кој е во многу лоша состојба, ќе се реконструира, најави министерот за здравство Никола Тодоров. За време на посетата на Охрид, вчера, тој ја посети оваа здравствена установа која со децении функционира во стариот објект на маларична.

-Здравствениот дом во Охрид ќе биде реконструиран, а средствата за тоа ќе бидат обезбедни преку други фондови, изјави  министерот Тодоров.

Тој вчера ја посети и охридската општа болница каде се запозна со текот на работите околу реконструкцијата на болничкото крило во кое ќе бидат сместени хируршкото и одделенијата за урологија, уво, грло и нос и гинекологија.

OhridNews