Во рамки на проектот на министерството за култура, За обнова и конзервација на фасади на објекти од староградска архитектура, годинава во Охрид ќе бидат реставрирани фасадите на три објекти.
Како што информира министерката за култура, Елизабета Канческа Милеска, во текот на 2015, екипи од охридскиот Завод и музеј ќе ги обноват фасадите на куќите на фамилиите Ѓурчинови и Димзови, како и на објектот во кој е сместено Радио Охрид.
Министерката за култура потсети дека во изминатите години, во старото охридско јадро беше реставрирана куќата на Бојаџиеви.
Со проектот, кој почна во 2012 и треба да заврши во 2017 година, предвидено е да се реставрираат 250 фасади на споменици од културата со цел да се врати нивниот автентичен изглед. Обновата на фасадите ја реализираат стручни екипи од конзерваторските центри и од заводите за заштита на спомениците на културата.
OhridNews