Од Ј.П. „Охридски Комуналец” информираат дека од понеделник, 19- ти мај, нивни екипи ќе започнат реконструкција на дрворедот на улицата „Партизанска“.
– Постоечките дрва на оваа улица ќе бидат заменети со украсни дрва од видот лигуструм. Искуството со дрворедот по ул.„Димитар Влахов„ покажа дека овие дрва кои имаат декоративен изглед се отпорни на временски промени, аерозагадувања и заболувања и немаат длобок корен, велат од јавното претпријатие.
Од „Охридски комуналец“ со апел до граѓаните да не ги паркираат своите возила на улицата „Партизанска“ во периодот од 6 часот до 12 часот во деновите:
* понеделник -19.05.2014 год. : потег Пошта- УИНТ „Св.Апостол Павле“;
* вторник -20.05.2014 год. : потег УИНТ „Св.Апостол Павле“- Мал полигон;
* среда -21.05.2014 год. : потег Мал полигон- Католичка црква;
* четврток -22.05.2014 год. : потег Католичка црква-Комерцијална банка.
Доколку заради објективни причини настане промена во динамиката на замената на дрворедот граѓаните ќе бидат благовремено информирани.
OhridNews