Наместо досегашното диктирање на записниците од страна на судиите, Министертвото за правда, наскоро ќе воведе аудио снимање на судските постапки и рочишта.
Покрај техничката промена, Министертвото за правда ги подготвува и предлог измените и дополнувањата на законите, според кои наместо прераскажување на исказите од страна на судијата, во записник од расправата, судењата ќе се снимаат тонски.
Проектот во значителна мера ќе придонесе за ефикасност , објективност и веродостојност на текот на судските постапки. За ракување со аудио техниката за тонско снимање се предвидува едукација на судскиот персонал и на судиите.












