Од општинскиот инспекторат признаваат дека проблемот со нелегално поставените тезги и понатаму постои, но нагласуваат дека нивниот број годинава е помал во однос на изминатите години.

Спрема сите сопственици на тезги, поставени без одобрение, се изречени парични казни, а ќе следи и одземање на робата, изјави раководителот на општинскиот инспекторат, Танас Танасоски.

Тој информира дека станува збор за околу петнаесеттина тезги кои секојдневно се поставуваат на кејот на езерото.

OhridNews