На 25-ти септември здружението за заштита на животни „Анималија“ во соработка со „Маја Тамара Вет“, ќе почне со реализација на проектот за стерилизација на улични кучиња финансиран од Општина Охрид, кој има за цел намалување на бројот на улични кучиња во градот.

-Ние ќе го спроведеме проектот, но за намалување на бројката на улични кучиња ќе мора стерилизираните да останат на улица, да не се трујат или дислоцираат. Оттаму очекуваме Општина Охрид во соработка со инспекции и здруженија за заштита на животни сериозно да пристапат кон решавање на проблемот. – вели Вилдана Садикоска од „Анималија“.

Од „Анималија“ со апел до сопствениците на миленици да бидат одговорни.

-Доколку не можете да се посветите на својот миленик до крајот на неговиот живот, ве молиме да не земате куче. Сериозно размислете пред да вдомите куче, тоа не е играчка. Стерилизирајте ги вашите миленци. – порачуваат од „Анималија“.

Стерилизација на бездомните кучиња ќе почне од центарот и тоа секој понеделник по две. Истите ќе бидат бележани на десното уво во форма на триаголник.

-Доколку имате маалска кучка која сакате да се стерилизира и можете да ја причувате до опоравување може да не контактирате. Исто така пишете ни и кога ќе видите кучка во период на парење. Овој пат ќе кастрираме и неколку мажјаци, оние што ни се познати дека се на секоја локација каде што има кучка за парење. – информираат од „Анималија“.

OhridNews