
За таа цел министерството распиша конкурс за доделување месечни надоместоци кој ќе биде отворен до 20-ти октомври 2014 година. Право за учество на овој конкурс ќе има секој уметник кој е регистриран во Централниот регистар на Република Македонија како трговец-поединец самостоен уметник за вршење уметничка дејност, во согласност со Законот за културата и Законот за трговските друштва.
Според условите на конкурсот уметникот треба да ги исполнува основните и дополнителните критериуми по одделни видови уметничко творештво утврдени во Правилникот за утврдување на критериумите, постапката и начинот на обезбедување поволни услови и надоместоци од средствата на републичкиот буџет на самостојните уметници. Пријавувањето на конкурсот се врши со доставување пополнета пријава која е објавена на веб-локацијата на Министерството за култура.
Со самостојните уметници кои ќе добијат средства од овој конкурс, Министерството за култура ќе склучи поединечни договори во коишто ќе се утврдат условите и обврските на самостојните уметници за користење месечен паричен надоместок.
OhridNews












